fbpx

Соопштенија

Заев зрачи со несигурност и политиканство, првин бара брзи избори, потоа дели ултиматуми, па се повлекува, само ниже порази

Соопштение до јавноста – реакција на изнесените ставови на Зоран Заев

Почитувани,

Зоран Заев со Фројдовски синдром повторно кажа што му се вистинските намери – дигање на сиромаштијата.

Зоран Заев и денеска е конфузен како и секогаш. Toj зрачи со несигурност и политиканство. Првин бара брзи избори, потоа дели ултиматуми, па се премислува и повлекува. Заев е свесен за две работи:

1.СДСМ ќе изгуби кога и да се случат изборите.
2.Брзи избори во ек на корона криза ќе значат организирано убиство на граѓаните.


Затоа Зоран Заев ниже порази и Заев оди на варијантна на еднократен поткуп.

Мерките кои ги промовираа Заев Спасовски не се ништо повеќе од еднократен поткуп на гласачи, кои не даваат резултат ниту на среден рок, а уште помалку на долг рок. Мерките на Заев носат само сиромаштија.

Буџетот дополнително ќе се празни, а ќе немаме никаква суштинска помош за економијата.

Криминалната и неспособна влада на СДСМ само во првите 4 месеци направи буџетска дупка од над 200 милиони евра, истата до крајот на година се заканува да стане 1.3 милијарди евра, пари кои ќе бидат потрошени само за покривање на неспособноста на СДСМ.

СДСМ не знае што прави. Власта која ја фрли Македонија во сиромаштија неможе да ја извади. Потребна е итна стратегија. Тоа СДСМ не го може.

ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија, со целосна царинска гилотина воведување на рамен данок и негово димензионирање на 8% , инфраструктурен бум и уште многу повеќе.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Последни новости