fbpx

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да дозволат Заев и СДСМ да тргуваат со човечки животи

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференција на Богданка Кузеска

Во услови кога Франција и другите напредни земји бараат постигнување на политички консензус помеѓу политичките чинители и исполнување на здравствените критериуми за да одат на избори, СДСМ и по цена на животите на граѓаните сака да оди на избори.

СДСМ и Зоран Заев не водат грижа за здравјето на граѓаните.

Разликата помеѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев е повеќе од очигледна.

За разлика од Зоран Заев кој очајнички бара брзи избори за да си го ублажи претстојниот изборен пораз, Мицкоски води грижа за здравјето на граѓаните на Република Македонија.

Не може ниту Заев, ниту СДСМ да тргуваат со човечки животи.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нема да го дозволуват тоа.

Тоа е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО, додека СДСМ работи на штета на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ работи за доброто на граѓаните и тоа граѓаните го препознаваат.

Јасно им е и на СДСМ и на Зоран Заев дека без разлика кога и да се оддржат изборите, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи нивните штетните политики.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.

Последни новости