fbpx

Соопштенија

Ребалансот на буџетот претставува само еден привид за спас на економијата додека во реалноста е наменет за изборен поткуп

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференција на Коста Петров

СДСМ континуирано ја уништува и онака кревката македонска економија. Мерките не даваат резултати додека граѓаните и стопанството се пред егзистенцијална криза.

Владата на чело со СДСМ и некадарните министри покажаа дека немаат капацитет за водење на економијата. Единствено што знаат е да крадат од државната каса и да делат криминални тендери во време на криза.

Ребалансот на буџетот претставува само еден привид за спас на економијата додека во реалноста е наменет за изборен поткуп. Нема помош за граѓаните и фирмите кои се оставени сами на себе во овие тешки времиња.

Така во првите 4 месеци од годината буџетскиот дефицит изнесува 200 милиони евра. Ваквото катастрофално менаџирање на средствата и немање на визија за справување со кризата сигурно ја носи државата кон буџетска дупка од 1.3 милијарди евра.

СДСМ ја доведоа државата пред економски колапс и тотален крах. Угостителите, туристичките работници, земјоделците, занаетчиите , бизнисмените сите се оставени да се снаоѓаат сами додека државата предводена од СДСМ нарачува скапи вина, морска храна и апетисани.

Стопанството дише на помошни апарати а граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Македонија на чело со СДСМ единствено оди во провалија.

СДСМ се зло кое мора да биде победено. ВМРО ДПМНЕ има стратегија и економски мерки , ниски даноци , инфраструктурна експанзија и просперитет. ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се различни . ВМРО ДПМНЕ го слуша гласот на народот и ги исполнува своите ветувања за разлика од СДСМ кои континуирано ги лажат и манипулираат граѓаните и кои единствено донесоа сиромаштија и криминал.

 

Последни новости