fbpx

Соопштенија

СДСМ – ДУИ со одбивањето да формираат анкетна комисија ја попречува истрагата за 14 изгорени граѓани

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ 

Што сака да сокрие власта? Зошто не сака да се говори за околностите поврзани со тетовската трагедија и горењето на модуларната болница.

Срамно и лицемерно е СДСМ да ја обвинува опозицијата за нефункционалноста на Собранието. За нефункционалноста на Собранието виновно е СДСМ.

Владејачкото мнозинство сиве овие години докажа дека не е ништо друго освен гласачка машина на СДСМ и Зоран Заев.

Владејачкото мнозинство единствено го интересира да помине законот за марихуана на Заев за да му врви бизнисот на неговиот брат Вице.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инсистира за формирање на анкетна комисија и откривање на вистината.

А, молкот на власта за оваа трагедија докажува само дека неславното трио Заев – Филипче - Хасани станаа главни виновници за кочењето на истрагата поврзана со овој случај.

Последни новости