fbpx

Соопштенија

Градоначалниците од СДСМ и ДУИ и досега имаа доволно средства за реализација на проекти, да работеа одговорно

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Зоран Заев

Локалните власти и досега имаа можност и средства да направат нешто за граѓаните. Арно ама функционерите на СДСМ и ДУИ парите наместо за проекти ги трошеа за партиски вработувања, нови возила, канцеларии, лаптопи и телефони, ручеци и слично.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе ги водат општините после овие локални избори и со овие нови средства кои се предвидуваат, но и без нив имаат пред се капацитет, проекти, знаење и волја да изградат водоводи, канализации, училишта, улици и голем број други содржини. Фискалната децентрализација има значење за граѓаните само доколку со парите некој управува домаќински и одговорно, а власта на Заев и неговите градоначалници покажаа немаат абер од тоа.

После локалните избори, а особено после промената на централната власт граѓаните ќе може да видат како може да се обезбеди регионален рамномерен развој, суштинска реформа и мноштво на проекти, а не само пиар трикови какви што прави Заев кои имаат за цел да го ублажат неговиот политички пад.

 

Последни новости