fbpx

Соопштенија

Власта се плаши од вистината, пратениците од СДСМ и ДУИ го одбија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се расправа за градбата и начинот на употреба на  модуларните болници

Почитувани,

Власта се плаши од вистината и не сака да се збори за околностите поврзани со тетовската трагедија и горењето на модуларната болница.

Денес тие го одбија предлогот на пратеничката група на Комисијата за труд и социјална политика да се разгледува информација во врска со реализација на проектот за набавка и пуштање во употреба на модуларните болници.

СДС - ДУИ гласаа против предлогот да се разговара отворено за пропустите при поставување и начинот на градба на болниците.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше поттикната да побара расправа пред се поради многуте нејаснотии врзани со начинот на градба, немањето на употребна дозвола и сериозните пропусти при градбата на модуларните болници.

Што сака да сокрие власта?

На овој начин неславното трио Заев – Филипче - Хасани станаа главни виновници за кочењето на истрагата поврзана со овој случај?

 

Последни новости