fbpx

Соопштенија

Previous Next

ВМРО-ДПМНЕ во Мостар на регионална конференција

 


Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски и портпаролот Марија Митева учествуваат на дводневната регионална конференција "Поврзување на ЕПП во регионот" - Политички дијалог на партиите од ЕПП од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Германија, Грција, Црна Гора, Македонија, Србија и Словенија.

Заедно со партнерската организација, Фондацијата Конрад Аденауер од Германија, учесниците се осврнаа на теми од регионално и меѓународно значење, како што се миграцијата, бегалците, владеењето на правото, одливот на младите од регионот.

Особено беше подвлечено значењето на продолжување со евроинтеграција на целиот регион.
Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повикаа на прекин на политиката на блокади и вета, и брзо отворање на преговорите за Република Македонија.
Учесниците заклучија дека местото на Балканот е во Европската унија и дека дојдено е време за реализирање на овој европски сон на проширување од кој бенефит ќе имаат сите.

Последни новости