fbpx

Соопштенија

Исплашени сте од претстојниот пораз, па се обидувате повторно да лажете, земјоделците веќе не ви веруваат, доаѓа време на промени

 

Денешната прес конференција на СДСМ и Гоце Георгиевски не е ништо друго освен што би рекле млатење слама на празно.
Ниту земјоделците живеат подобро, ниту пак нивниот труд е платен и вреднуван.
Ваквите обиди за предизборен поткуп и свесно влегување во изборен инжињериг од владејачката гарнитура, е само доказ на страв и паника од претстојниот пораз.
Земјоделците најдобро на сопствена кожа ги чувствуваат погубните политики на СДСМ и затоа веќе не ви веруваат.
Ако веќе збориме со факти еве ви неколку:
-Субвенциите за земјоделците ги воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ, а не СДСМ.
-Четири години сте власт а секоја година се соочувате со протест на тутунарите, лозарите, оризарите, сточарите,
-а за младите воопшто и да не ви кажувам, се уште чекаат реализација на мерката млад земјоделец.
Толку од вашите погубни политики.
На секој чекор ви се случуваат протести од револт и незадоволство, а вие се обидувате да прикажете дека земјоделците се задоволни.
Не ви поминува ова повеќе, трошите време на непотребни работи. Ако веќе сакате да направите нешто за земјоделците тогаш најдобро е наместо трошките кои им ги нудите, да понидите реална помош за нив. Се друго е само неуспешен обид.
На 17-ти октомври ви доаѓа крајот.
Доста е со поделби и разочарувања, доста е од незадоволство и револт.
Време е за нова надеж, иднина, проекти и реализација.
Време е за Македонија за сите луѓе!
Линк од ФБ статус:
Со почит,

Последни новости