fbpx

Соопштенија

Милошоски: Заев го чува Филипче за министер поради тендерите во здравство

Пратеникот Антонијо Милошоски на гостување во емисијата „10 минути“ што се емитува на телевизија 21 се осврна на оставката на министерот за здравство Венко Филипче, а во врска случајот во Тетово каде изгоре модуларната болница, како и за претстојните локални избори и соработката на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Од она што ние го имаме како информација, оставката на Филипче  не е доставена до Собранието. Заев очигледно игра улога на одолговлекувач на оставката. Самиот Заев има селективен пристап кога станува збор за неговите соработници.  Пред година и половина оставка поднесе тогашниот заменик министер за образование Петар Атанасов и истата беше многу брзо или за ден-два процесуирана во Собранието и констатирана“, рече Милошоски. 

Милошоски изрази и сомневање зошто Заев се однесува така или не ја доставува оставката до Собранието.

„Цениме дека министерството за здравство како институција која што располага со голем фонд и многу тендери е причината зошто Заев прави обиди да го задржи Венко Филипче на местото од кое што тој самиот поднесе оставка“, вели Милошоски.

Милошоски информираше и за соработката што ВМРО-ДПМНЕ ја има за претстојните локални избори со Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Коалициските партнери Алијанса за Албанците и Алтернатива  даваат поддршка за независниот кандидат Данела Арсовска која ја поддржа и ВМРО-ДПМНЕ. Таа има сериозна предност пред се зошто има добра биографија како менаџер, образование и може да направи многу повеќе за сите жители без разлика во која скопска општина живеат“, рече Милошоски.

Пратеникот истакна примери каде тие ќе поддржат кандидати на Алијанса за Албанците и Алтернатива, а каде ВМРО - ДПМНЕ ќе ја добие поддршката од нив.

„ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да дадеме поддршка уште во прв круг за нивните кандидати или кандидати на Алијанса и Алтернатива во општини во кои тие имаат шанси да добијат, како Чаир, Сарај, Тетово, Гостивар, Струга и други општини, а Алијанса и Алтернатива да дадат поддршка онаму каде ние како колиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаме шанси. Тоа се општини како Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Јагуновце и други“, кажа Милошоски.  

 

Последни новости