fbpx

Соопштенија

Кузеска да каже кој во име на власта се заканува на роднини на жртвите кои сведочат за катастрофата во Тетово

 

Со внимание го проследивме пресот на Богданка Кузеска, воедно ја повикуваме следната прес конференција наместо како расипана грамафонска плоча да повторува исти тези, да даде одговор на суштинските прашања:
Каков е квалитетот на материјалите од кој е изградена болницата во Тетово?
Зошто немало противпожарни апарати иако на таков пропуст било и предупредувано?

 
Зошто роднини на болни се грижеле во болницата за своите блиски, наместо доволен број на медицински школуван кадар?
И кој во име на власта се заканува по живот на роднините на жртвите кои сведочат за вистината на катастрофата во Тетово?
Моралот го заборавија, да не се заборави кривичната одговорност.

Последни новости