fbpx

Соопштенија

Димитриев: Победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе значи делигитимирање на централната власт, Македонија мора да тргне напред 

На денешната трибина во Битола каде  ВМРО-ДПМНЕ  под мотото „30 години се грижиме за Македонија“, го одбележува јубилејот од независноста на Република Македонија се обрати поранешниот премиер, министер и пратеник Емил Димитриев кој што истакна дека сите треба да работиме на тоа Македонија да биде држава која што ќе гарантира солидарност, демократија, правда, еднаквост помеѓу граѓаните со квалитетен соживот интегрирана во ЕУ и НАТО.

„Нека ни е честит денот на независноста и вечна да е Македонија, кога ја добив поканата да учествувам на оваа панел дискусија по повод нашата независност веднаш ми дојде на памет една мисла дека нема повозвишена цел за еден политичар да говори на таков настан бидејќи тоа се ретки можности да еволуцира спомени од своето работење и да понудиме  предлози и идеи за иднината. Не беше лесно и моето работење на сите позиции кои што беа споменати меѓутоа длабоко од срце ви кажувам дека во моите сеќавање секој пат ќе останат неколку работи, секако тоа се предизвиците со кои се соочувавме сите активности кои што ги имавме, меѓутоа како врвна работа која сум ја доживувал е можноста од името на граѓаните на Република Македонија да говорам на Илинден, да говорам на денот на формирање на ВМРО, и да говорам на денот на независноста тука во Битола. Тоа е многу доблесна работа, да човек има таква прилика од името на својот народ се заблагодари на генерациите кои лееле крв за денеска ние да ја живееме оваа слобода, затоа посебна почит за сите кои што се имаат вградено во нашата државност. И големиот Христо Узунов во една прилика кажал „ Јас сум убеден дека нашата идеја ќе биде реализирана и затоа ќе умрам спокојно и со чиста совест пред идните генерации“ , затоа голема почит кон сите кои што својот живот го дале за оваа слобода која што ние денес ја уживаме“, нагласи Димитриев.

Димитриев посочи дека во 90-тите години кога се ударале темелите на Република Македонија на политичка сцена биле мудри луѓе и затоа темелите биле правилно поставени, дека Република Македонија треба да биде граѓанско општество со плурална парламентарна демократија, пазарна економија и правда.

„Во 90-тите години кога се удараа темелите на Република Македонија тогаш на политичка сцена беа мудри луѓе, беше битно да имаат одредена мудрост и идеја како треба да се води државата, многу помалку било важно кој капитал стои, или која лоби група стои зад тебе, затоа темелите беа правилно поставени, дека Република Македонија треба да биде граѓанско општество со плурална парламентарна демократија со пазарна економија правда и т.н. Гледано овие 30 години од почетокот на формирањето на државата до денеска многу процеси за жал кај нас се ретроградни. Перформансите на македонското општество 91 година споредено со денеска во одредени области биле многу покомпактибилни со ова што го говориме ние Европа, НАТО отколку денеска. Македонското општество 1991 година било многу пограѓанско многу помултиетничко од тоа што е денес“, посочи Димитриев.

Димитриев истакна дека сите треба да работиме на тоа Македонија  да биде држава која што ќе гарантира еднаквост, солидарност,  демократија, правда, и соживот.

„Сите да работиме на тоа да Македонија биде држава која што ќе гарантира еднаквост, како постулат на демократијата. Граѓанскиот концепт не е нешто што сега го измисливме, тоа е концепт што уште при удирањето на темелите на државата е зацртан. Правдата како постулат. Да има одредени правила и принципи кои што ќе дадат еднаков натпревар секој да с е најде во своето работење во делот на она што го работи дали како бизнис или како личен предизвик. Партизацијата на општеството е проблем на кој што исто така треба да му погледнеме во очи. Квалитетните и способни кадри мора да добијат шанса. Демократијата мора да ја заживееме во полн капацитет, правда, солидарност, учество, плурализам. Пред нас ни претстојат локални избори многу важни кои што ги тангираат и повисоките процеси во државата. Победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе значи и делигитимирање на парламентарната власт. Не смееме да дозволиме неспособноста криминалот  и корупцијата да го детерминираат вековниот идеал за самостојност на државата. Оваа држава има капацитетни луѓе да покаже дека идеалот за самостојност може да биде надграден со перформанси кои што значат една модерна современа држава со силна економија со гарантирани права и еднаквост помеѓу граѓаните со квалитетен соживот интегрирана во ЕУ и НАТО“, заклучи Димитриев.

Последни новости