fbpx

Соопштенија

Тренески за премрежјата во информирањето за референдумот: Првата Влада на чело со Кљусев се погриживме народот во Македонија и во дијаспората да биде информиран

„Нека ни е честит и вековит 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија. Како непосреден учесник во тие историски настани пред 30 години, сакам да споделам со вас некои детали директно врзани за самиот настан, за самиот референдум бидејќи на македонските и национални и приватни и секакви медиуми ќе слушнете секакви програми, меѓутоа не можете да ги слушнете она што е суштинското што се случуваше тој ден ширум Републиката, меѓутоа многу е битно и во дијаспората. Бидејќи тоа беше според мои сознанија првпат македонската дијаспора од Сиднеј до Торонто, Ванкувер и така натаму, да имаат можност да се изјаснат за судбината за она што ни остана од Македонија, а тоа е Републиката. На почетокот морам да споделам две чувства, прво чувство на радост и гордост што денеска еве сме сите собрани и да го одбележиме овој голем ден. А, од друга страна имам чувство на горчина и лутина бидејќи актуелната власт во Македонија си ја приватизираше работава, настанот и си организира некакви би рекол на некој начин приватни веселби, без да се обиде без да помисли дека е ова убава прилика, ретка прилика да се обединиме конечно како Македонци без разлика дали припаѓаме на една или друга опција, дали веруваме на една или друга идеологија, тоа е приватна работа. Меѓутоа свесно се одеше категорично го тврдам да се повторно подели народот“,истакна Мартин Тренески, министер во првата македонска влада на трибината насловена „30 години се грижиме за Македонија“ организирана  од ВМРО-ДПМНЕ.

Тренески додаде дека се повторува истото трагично сценарио како што беше за 2-ти Август. Власта го испогани најсветлиот датум на Македонија.

„ВМРО не е случајно, ВМРО има длабока историја, ВМРО има длабоки традиции, и пораките на тоа ВМРО од 1903 па наваму вечито биле присутни. Дури и во партизанското време во Втората Светска војна скоро сите партизански одреди ги носеле имињата на илинденци, Питу Гули, Гоце Делчев итн. сведоци сме и тоа во свое име можам да констатирам дека се соочуваме со процес на ретуширање на историјата. Ретуширање во смисол на она што го прави актуелната власт. Имено, пред неколку дена, минатата недела Собранието донесе одлука да се одликуваат сите членови на првиот состав на македонското Собрание. Знаете што, аргатскиот дел оној работниот дел од референдумот 1991 година го сработивме ние т.н. експертска Влада на академик Никола Кљусев.  Популаризација на овој настан за кој што сите како Влада бевме свесни освен еден министер кој што јавно во неколку наврати се декларираше самостојна Македонија само без мене, претпоставувам знаете за кого станува збор, сите други бевме апсолутно за тој чин и дававме максимум прво да се популаризира овде дома во Македонија, меѓутоа министерството за информации, што го водев јас даваше навистина огромни напори таа идеја да ја пласира во дијаспора, бидејќи верувајте многу наши луѓе сум служел и во Сиднеј и во Торонто и каде не, Европа да не зборувам, чувството на тие луѓе е горат за таа Македонија. Настојувавме и нив да им дадеме шанса верувајте таа шанса даде плод“, појасни Тренески.

Тренески посочи дека министерството за информации дека работеше на неколку фронтови, главен фронт беше како да  се удомат и угостат бројните новинари кои што пројавија огромен интерес за тој настан. Бидејќи токму овој настан беше историски настан. Тој ден имаше околу 350 акредитирани новинари, тоа беше огромна бројка која што после огласот за Илинденското востание Македонија немала таков голем оглас и интерес да предизвика ширум светот. Околу 90-тина беа странски новинари. Овие бројки не беа за потценување. 

 

Последни новости