fbpx

Соопштенија

Понудата за локалните избори ќе биде историски револуцонерна и ќе понуди решенија за многу проблеми, од инфраструктура до напредни зелени политики

На денешниот настан по повод политичката академија на Конрад Аденауер за „Потикнување на демократијата на локално ниво“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава, а во врска со програмата на партијата за овие локални избори, истакна дека програмата ќе биде нова и револуционерна, која ќе содржи многу проекти особено во делот на еко-здрави општини и која се изработува со експерти од различни области.

-Ова ќе биде историски револуционерна програма во која ќе има многу проекти коишто се од интерес на граѓаните, како што кажав ќе промовираме транспарентни, отчетни и еко-здрави средини, општини во Македонија, и тука секогаш сме биле неколку чекори пред нашите политички противници. Навистина сум шокиран кога гледам како еден член од владеачкото мнозинство се препелка барајќи го својот политички идентитет, најпрво како зелена партија, а потоа се префрла на националистички теми, а потоа некакви други теми, тотално сум конфузен и збунет вака кога ги гледам, другиве не можам ни да ги разберам, изобилуваат со многу раскол, појасни Мицкоски.

Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата ќе излезе на овие избори со една револуционерна програма која ќе понуди „Македонија и нашата општина за сите луѓе“ и која програма ќе понуди решавање на реалните проблеми, од патишта и комуналната инфраструктура низ општините до напредни зелени политики.

Последни новости