fbpx

Соопштенија

Царовска се однесува како почетокот на учебната година да ја изненадило како снег во мај

 Мила Царовска и Владата прокоцкаа цело лето и не создадоа услови за физичко присуство на учениците на настава од денес.

Голем број училишта низ дрмавата не се спремни. Дезинфекција нема. Протоколите имаат пропусти.

Царовска наместо да набави брзи тестови за учениците и да создаде систем за брзо изолирање на КОВИД позитивни жртвува повторно цела година. Само прашање на време е кога Царовска повторно ќе ја воведе онлајн наставата.

Учениците немаат услови за учење Царовска ги донесе до ситуација од една книга да учат две дечиња. Царовска не обезбеди книги и наставен материјал.

Царовска се однесува како стартот на учебната година да ја изненадило како снег во мај.

Образовниот систем е дотолчен од аматеризмот на Царовска.

Време е да се стави крај на експериментите. Време е за промени.

Последни новости