fbpx

Соопштенија

СДСМ ем шуто ем боде, од нив веќе не се бараат одговори, туку се бара одговорност

 

СДСМ ем шуто ем боде. Фали уште ВМРО-ДПМНЕ да го обвинат затоа што две години не ги сервисирале авионите за гаснење пожар, или пак да го обвинат ВМРО-ДПМНЕ дека не испратиле хеликоптер да го гаси пожарот во Кочани навреме?!
Граѓаните повторно ја видоа на дело неспособноста и неодговорноста на власта на Заев.
Дозволија пожарот да дојде до градот, да зафати куќи и имоти на граѓани, да загрози животи.
Штетата од пожарите е далеку поголема од цената која требаше да се плати за сервисирање на авионите за гаснење пожари.
Од власта на Заев и СДСМ веќе никој не бара одговори, од нив јавноста бара  одговорност!

Последни новости