fbpx

Соопштенија

Ситуацијата е драматична, народот до сега е сам на себе препуштен, тука сме да помогнеме, од утре ќе мора да се крене и прашањето за одговорност

 

Прашање: Се наоѓаме во Тркање, кочанскиот регион каде што вечерва беснее голем пожар, тука е и лидерот на опозицијата господинот Христијан Мицкоски. Господине Мицкоски кој беше Вашиот мотив вечерва од Скопје, нели на Илинден да дојдете кон овој регион?

Одговор: На Тркање е пожарот, практично ситуацијата горе е алармантна. Војската само што пристигна, целта да бидеме тука е да ги повикаме надлежните да си ја вршат работата за која што се платени, да повикаме помош за тоа што да не оставиме самиот пожар и огнената стихија си ја завршат работата. Туку тоа да го направат надлежните. И токму таа беше би рекол главната мотивација што денеска сме овдека вракајќи се од Струга, од Ташмаруништа накај Скопје, свртевме наваму за да дадеме поддршка на луѓето и да повикаме помош. И да ги замолиме надлежните да си ја вршат работата за која што се платени.

Прашање: Приметивте дека надлежните недоволно добро, недоволно навремено си ја извршуваат својата работа?

Одговор: Страшна беше и хаотична онаа изјава дека утре наутро ќе полетале армиските хеликоптери. Тоа беше тажно што успеав да го прочитам и мотивиран од сето тоа, дојдов за да ја дадеме помошта на луѓето морална и  еве човечка и политичка и секаква.

Прашање: Додека се случуваше се ова Заев и Филипче со хиликоптер одеа накај Крушево, можби со тој хиликоптер ќе се спасеше некоја куќа?

Одговор: Жално е тоа што денеска се случува во Македонија, но се надевам дека во вакви моменти треба да преовладее разумот, а не фрустрацијата лично и луѓето повторно ќе кажам да си ја вршат својата работа за што се платени бидејќи денеска во Кочани изгореа неколку домови, да не дозволиме да се случи овде во Трање и не само во Тркање туку и низ цела Македонија колку што сум информирам беснеат веќе неколку огнени стихии. Редно време е луѓето да си ја вршат работата за што се платени.

Прашање: Вие како партија не сте дел од институциите, дали ги повикавте ќленовите да помогнат?

Одговор: Ние граѓаните ги повикуваме да дојдат и да помогнат, затоа што ова е проблем на граѓаните, не на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и не треба да се политизира. Ќе критикуваме од утре ќе бараме одговорност денеска да помогнеме, значи ги повикувам граѓаните да помогнат

Прашање: Видовте ли некој владин функционер овде?

Одговор. Па колку што имам информација и успеав да прочитам биле на пат кон Тркање и Кочани.

До овој момент не сум информиран дека се пристигнати. Ние сме тука нешто повеќе од еден час владин функционер не е пристигнат.

 
Линк од видео материјал: 
 
  • https://www.facebook.com/radiolider107.4/videos/381981303349757
 

Последни новости