fbpx

Соопштенија

Според математиките на Заев, ако сите ниско платени ги изгубат работните места, просечната плата може да достигне 1.000 евра

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Даниела Колева

СДСМ продолжуваат со веселите математики за да прикажат дека економската катастрофа е успех. Во последната година 60 илјади лица останаа без работа од кои најголем дел беа лицата кои земаа најниски плати. Според пресметките на СДСМ доколку сите лица од најслабо платените сектори останат без работа, не би не зачудило да се пофалат дека платата достигнала илјада евра.

Реалноста е сосема друга. 600 илјади граѓани живеат во сиромаштија, се исплаќаат месечни плати од 2 денари или 100 денари, се најавуваат нови бранови отпуштања во текстилниот сектор, 6.200 компании ставија клуч на врата, а поради поскапувањата на горивата и струјата се случува рапиден пад на стандардот на граѓаните.

Ако ова за СДСМ е успех, тогаш навистина имаат сериозен проблем со реалноста. Македонија е на дното во регионот по раст на БДП и по прилив на странски инвестиции, а единствено кое расте е долгот кој веќе достигна 7 милијарди евра, односно само во владеењето на Заев и СДСМ секое семејство е задолжено во просек со 4.800 евра нов долг.

Овие четири години власт на Заев се четири години украдени години за граѓаните и економијата. Владејачката елита јаде со златни лажици, додека народот преживува. Власта ги подели граѓаните, на елита од прв ред и сите останати граѓани од втор ред. Тоа мора да престане. Македонија за сите луѓе е концептот кој ќе го порази Заев.

 

Последни новости