fbpx

Соопштенија

Шилегов „стопи“ буџетски 400 милиони евра, а ништо не направи, за сега да замајува јавност со обична шминка

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Петре Шилегов 

Петре Шилегов после преспан мандат сега со шминка сака да се престави како нешто да сработил. Вистинскиот резултат од неговата работа се матните зделки и неостварените ветувања со кои дојде на власт во 2017-та.

Шилегов е должен на граѓаните на Скопје да им каже каде се 12,5 милиони евра кои ги доби со продажбата на зградата на Град Скопје? Дали тие пари се веќе потрошени и за што се потрошија, бидејќи ниту има зграда на Град Скопје, ниту има нешто изградено?

Шилегов им должи на граѓаните одговор како тоа 500 метри кеј чини 1,5 милиони евра? Како плочките од 70 евра по парче, распукаа уште пред да заврши градежната интервенција, која патем заврши со бетонирање на дрвореди?

Шилегов е должен да каже каде е ветениот тунел под Кале, каде се мостовите, зиплајнот и десетици други проекти со кои ја бараше довербата од граѓаните на Скопје во 2017-та година?

Шилегов, освен одговори следи и одговорност за недомаќинското и неодговорно работење во твојот мандат во кој „стопи“ скоро 400 милиони евра народни пари, а ништо не направи.

Последни новости