fbpx

Соопштенија

Новата Катица на Зоран Заев е Вилма Рускоска

Истите луѓе од врвот на СДСМ со кои што Јанева ги спремала обвиненијата, соработувале и со Вилма Рускоска. Сите обвиненија и сите постапки кои ги водела Рускоска, биле во координација со луѓе на Заев. Биле нарачувани медиумски хајки и тортура против политичките противници на Заев.

Обвинителството на Рускоска и Јовевски ги работело и ги работи истите постапки како и СЈО на Катица Јанева. Личниот интерес на Заев, политичките интереси на СДСМ и бизнис потребите на елитата на власт е единствениот приоритет по кој работеле и Катица и Вилма.

Јавното сведоштво на еден од учесниците во сите овие средби е доволен доказ и за оставки на Рускоска и Јовевски и за сериозни кривични истражни постапки на независни и непартиски обвинители кои не се во приватното друштво на кланот на Заеви.

 

Последни новости