fbpx

Соопштенија

СДСМ денеска се фалеше со ТИРЗ, со тоа ги пофали економските проекти на ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Марија Костадинова

Денес, Марија Костадинова, пратеничка на СДСМ оддаде официјално признание на економскиот модел на ВМРО-ДПМНЕ.

Да ја потсетиме јавноста дека Технолошко индустриски зони беа креирани од ВМРО-ДПМНЕ. Но исто така да ја потсетиме јавноста дека тогашната опозиција предводена од СДСМ жестоко ги критикуваше овие инвестиции. Заев и опозицијата велеа дека ваквите инвестиции се криминални.

Денес СДСМ без срам ја поздрави инвестицијата на канадската компанија Магна. Со каков образ СДСМ - партијата која ја убедуваше јавноста дека овие инвеститори само ја искористуваат евтината работна сила во Македонија, денес поздравува нова инвестиција во ТИРЗ – проектот на ВМРО?

ВМРО-ДПМНЕ и честита на оваа компанија и на сите останата компании кои ќе дојдат да инвестираат во нашата земја, а особено во проектот ТИРЗ.

Почитувани, во вториот квартал извозот забележа солиден раст токму благодарение на Инвестициите во новите странски капацитети кои ВМРО-ДПМНЕ ги донесе во Република Македонија.

Џонсон Мети во Скопје, Дрекслер Маер во Кавадарци, Гентерм во Прилеп, Амфенол во Кочани, Костал во Охрид, Кромберт и Шуберт во Битола, Johnos Safety во Кичево, Адиент сеатинг во Струмица и Штип.... Се фабриките со кои ВМРО Се гордее, а СДСМ велеше дека се лоши за македонската економија.

Овие фабрики учествуваат со над 60% во македонскиот извоз и вработуваат илјадници луѓе. Ова е економскиот модел на ВМРО-ДПМНЕ кој невработеноста ја спушти од 38% на под 17%.

Колку е иронично што денес СДСМ да учествува на промоција на проект на ВМРО-ДПМНЕ, кој дури беше во опозиција остро го критикуваше. 

 

 

https://www.facebook.com/105990147751145/posts/361634228853401/

 

Последни новости