fbpx

Соопштенија

Несогласувањето со носење на Резолуција, е спорење на аргументите на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА за македонскиот идентитет

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Антонијо Милошоски

СДСМ не треба да бега од носење на заедничка Резолуција во македонското Собрание кое што ќе ги утврди националните црвени линии по однос на идентитетот, историјата и јазикот. Дотолку повеќе, што оваа позиција ќе се изгради и за оваа, и за секоја идна влада во преговорите. Во спротивно се отвора сомнеж дека некој е подготвен за пазарење со идентитетските обележја на штета на Македонија.

Оттука доколку СДСМ сметаат дека за македонскиот идентитет не смее и не се преговара очекуваме да дадат поддршка на предложената Резолуција, бидејќи овој документ токму тоа и го акцентира.

Доколку СДСМ и Заев навистина не преговараат за македонскиот идентитет, јазик, културна посебност согласно барањата на Бугарија, ваквата Резолуција само би ја зајакнала нивната позиција на масата.

Истовремено потсетуваме дека членовите на бугарскиот парламент без разлика на партиската, политичката и идеолошката определба  едногласно и унисоно донесоа Резолуција за Македонија, па било апсурдно македонското Собрание да нема Резолуција за македонските национални интереси.

Документот кој што Собранието на Македонија би требало да го донесе не е партиски текст туку е текст произлезен од највисоките научни, образовни и општествени институции и авторитети во Македонија како МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Во себе содржи дефиниции и позиции базирани на несоборливи факти и аргументи, кој што никој во државата не може и не смее да си дозволи заради политика да ги спори.

Несогласувањето со текст Резолуцијата и воопшто носење на ваква Резолуција е директно спорење со аргументите во декларацијата.

 

Последни новости