fbpx

Соопштенија

Заев, Филипче и СДСМ се најлошото што можеше да и се случи на Македонија

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ поврзано со посетата на Венко Филипче во Неготино и Кавадарци

Филипче, Заев и СДСМ се најлошото нешто што се случиле не само на македонското здравство туку и на целата држава и секоја општина поединечно.

Поради нивната неспособност и неодговорност Македонија е во топ земјите по смртност од корона вирусот во светот. Поради нив имаме најмалку вакцинирани, а поради задоцнетата масовна вакцинација во пролетниот бран изгубивме илјадници човечки животи. Да не зборуваме за дека и здравството и граѓаните зависат од донации, а не од државата. Среде криза не успееја да набават вакцини, респиратори, доволно маски и заштитна опрема, иако тоа им беше опис и попис на нивната работа за која се платени со пари од граѓаните.

Филипче и Заев времето го трошеа во возење мотори и четирицикли, а меѓу две екскурзии се обидуваа преку фантом фирми да набавуваат вакцини по двојно повисоки цени.

4 години власт на Заев, се 4 украдени години за граѓаните и за Македонија. Доста е!

 

 

Последни новости