fbpx

Соопштенија

Николоски: Граѓаните преку данок на крв со поскапо гориво, струја и намирници за живот ќе ги плаќаат грешките на СДСМ во економијата

 

Потфрлањето на СДСМ во економијата ќе го плаќаат граѓаните преку поскапување на бензинот, дизелот и струјата што е исто како да се воведе данок на крв, затоа што сериозно ќе удри по џебот на граѓаните  и ќе поскапат основните намирници на живот, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање за при денешната посета на Општина Гази Баба.

- Интересно е како ги бираат зборовите. Во конкретниов случај поскапувањето на бензинот и на дизелот, се решија да го крстат како еколошка такса. Јас повеќе би рекол дека е данок во крв отколку еколошка такса, затоа што се цица крвта од македонскиот народ и од граѓаните на Македонија. Затоа што поскапувањето на бензинот и на дизелот за 4 денари ќе удри по џебот на секое семејство и директно за сите кои имаат автомобили, но и индиректно затоа што ќе поскапи транспортот, а со тоа и производството на многу производи почнувајќи од лебот, продолжувајќи преку основните намирници, истакна Николоски.

Тој потенцира дека покрај поскапувањето на бензинот и дизелот власта во моментов  работи на нова цена на електричната енергија која се очекува исто така да поскапи и тоа во двоцифрен процент во однос на ова што е досега.

- Што значи дека има едно целосно потфрлање на владата во економијата кое треба да го плаќаат граѓаните, преку овој како што го нарекувам данок во крв преку поскапување на бензинот, дизелот, но и на струјата. Но и на тоа ќе дојде крај на следните избори, нагласи Николоски.

Последни новости