fbpx

Соопштенија

Заев го мрази сопствениот народ, Македонија за него е предмет за тргување

 Соопштение до јавноста

СДСМ тоне во криминалот, неспособноста и подлоста на Зоран Заев.Граѓаните видоа кое е неговото вистинско лице.Заев дрско ги навредува граѓаните.Заев е единствениот политичар во светот кој го пцуе својот народ.

Човек што го пцуе сопствениот народ, ги мрази своите сограѓани и се срами од своето потекло и своите корени.

Затоа Заев тргува со македонскиот идентитет и не му е свето ниту името, ниту историјата, ниту јазикот или културата.

Македонија за него е пазар за богатење.

Заев признава дека прислушуваните материјали ги давал надвор од партијата со цел да уценуваат политички лидери.

Заев признава дека контролира невладини организации и студентски движења. Признава дека го контролира компромитираното и рекетарско СЈО и дека уценува политичари со прислушкувани разговори.

Заев треба јавно да се извини за тешките навреди и пцости кон народот.

Заев од Македонија направи хибриден режим и криминален пашалук.

Ако ова што го слушаме од Заев е само почеток има голема причина за загриженост кај Заев и СДСМ.

Ќе стаса казна за сиот криминал кој го има направено.

Заев ќе го стаса казна за навредите кон народот.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости