fbpx

Соопштенија

Мицкоски: Со таканаречената реформа во образованието, Заев осакатува луѓе, тоа што го планираат не е дигитализација

„Да, имаше протести за реформа во образованието и да, ме обвинуваа мене. Но, поентата е што со таканаречената реформа во образованието на Зоран Заев осакатува луѓе, тоа што го планираат не е дигитализација“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  на гостувањето на „Охрид 1“.

Според него не е реформа и дигитализација, не е дигитализација префрлување од ворд во пдф.

„Тоа не е дигитализација. Дигитализација е да има мултимедијални презентации, се да биде дигитализирано во секторот и да има и учебници за оние кои не можат така да стекнат образование. Денес и Бил Гејтс да го донесете и да му речете тоа да го направи до први септември ќе рече не можат. Тоа не е така едноставно“, вели Мицкоски.

Дополнително министерката Мила Царовска вели дека 10 проценти од децата не можат да следат ваков начин на учење, не може вака да работат, немаат услови.

Сето ова, вели тој, се промашени реформи и за жал ќе дојде уште некоја генерација на деца која ќе биде неподготвена и разочарана.

„Тие ќе сакаат да си заминат. Тоа е она што го најавува Заев“, рече Мицкоски кој додаде дека наскоро граѓаните ќе можат да изберат дали ги сакаат овие политики на Заев или не.

 

 

Последни новости