fbpx

Соопштенија

Лефков: Се потврди дека Заев е во преговори за бугарската декларација, и само притисокот од јавноста и блокадите што ги правевме може да го откажат 

По прес конференцијата на пратеникот Миле Лефков, беше запрашан од медиумите кој е коментарот за денешните преговори на Заев со официјална Софија.

„Се потврди дека Зоран Заев е во преговори за бугарската декларација и дека само притисокот на домашната јавност и само блокадите кои што ги правевме можат да го откажат Зоран Заев од ново национално предавство“, рече Лефков. 

Лефков апелира за да не се случи уште едно ново предавство во кое Зоран Заев ќе прифати се што бугарската политика го бара од Македонија. Нашите црвени линии мора да бидат македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската историја,  тоа е она што не прави посебни како Македонци и различни од сите други народи. 

„И Македонија не е на Зоран Заев ниту на Вице Заев, Македонија е на сите луѓе“, нагласи Лефков.

Последни новости