fbpx

Соопштенија

Мицкоски: „Талир“ се води на насилен пат, за сметката и имотот на ВМРО-ДПМНЕ да бидат блокирани и Заев да има некаква предност на избори, зошто друга предност нема

Само наивен човек може да верува дека Кацарска стигна таму каде што стигна затоа што е квалитетен судија, а јас сум се само не наивен. Во политиката ништо не се случува случајно. Во политиката нема ништо случајно, така е и со Кацарска, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  на гостувањето на „Охрид 1“.

Зборувајќи за судството и пропустите кои ги прави оваа власт Мицкоски напомена дека има случаи кои се водат насилно.

Случајот „Талир“ се води на насилен пат, за сметката и имотот на ВМРО-ДПМНЕ да бидат блокирани и Заев да има некаква предност на избори, зошто друга предност нема.

„Зошто? - За да може имотот да биде замрзнат, сметката блокирана, а со тоа Зоран Заев да има предност, тој нема визија, има на располагање само судии кои му слугуваат, поткуп, брутален поткуп, се земаат провизии. Тоа е начинот на кој функционираше во Струмица така функционира и како премиер“, рече Мицкоски

Мицкоски заклучи дека Заев немајќи визија сака само да му нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ. 

 

Последни новости