fbpx

Соопштенија

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ со новата стратегија нуди и рака на сите граѓани и партии кои сакаат власта на Заев да си замине

„Сплотување на народот во ВМРО-ДПМНЕ, во идеалите, во она што се говорело во историјата, за она што Македонија би го имала како предизвици, сето тоа заеднички прераснало во едно движење во ВМРО-ДПМНЕ, во една организација. И целата историја кога ќе ја гледате наназад се гордеете со се она што се направило за Македонија, и потоа во новото време прераснало во политичка партија, се разбира во демократска партија која што овие 31 година се бори за подобро утро, за подобра иднина. Но кога ќе го спомнете само ВМРО-ДПМНЕ веднаш мене, барем мене лично ми доаѓа и црвената и црната боја, црвената боја за Македонија, и црната боја знаете кога многу генерации се бореле за слободна Македонија, и сето тоа претставува ВМРО, и секој еден човек во Македонија во себе го има ВМРО“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во „Утрински Брифинг“.

Мисајловски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ денес се бори за подобро утро на Македонија.

„Кога се говори за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ веднаш асоцира на проекти, на многу работа, на економија, се разбира на многу прашања што се цврсти и темелни за ВМРО-ДПМНЕ за да не попушти пред ниту еден национален предизвик“, нагласи Мисајловски.

Мисајловски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ  не ги менува боите туку спектарот на бои во еден колорит се шири односно за да може секој да се пронајде во ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ се шири како партија, црвената боја на ВМРО-ДПМНЕ, жолтата на знакот, и се она што е како бои на Република Македонија тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Белата боја исто така е во нашата идеологија. Но сакаме да покажеме еден спектар каде што секој еден може да се пронајде. Бидејќи моментално опозициското размислување во државата е најголемо. Граѓаните бараат промени скоро во сите прашања. И затоа ние нудиме рака, нудиме стратегија каде што не само ќе понудиме нови идеи, проекти сега за локалните избори, туку да понудиме и рака кон сите опозициски партии, невладини организации, сите оние кои што имаа различно мислење од власта, да се сплотиме и најдеме заеднички јазик’, рече Мисајловски.

„Четири години поминаа од оваа власт, видовме дека нема проекти и видовме дека има штетни политики. Ќе поскапува струјата, ќе поскапува дизелот, проблеми во економијата, социјалата, инфраструктурата. Затоа подаваме рака до секој еден, до целиот народ. Граѓаните сакаат што побрзо да ја сменат оваа власт“, појасни Мисајловски.

 

Последни новости