fbpx

Соопштенија

Очекувавме СДСМ да се плаши од „Македонија за сите луѓе“, зошто СДСМ се тие кои прават поделба на граѓани од прв и втор ред

 

Соопштение до јавноста - реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ е во паника. Неуспесите и криминалот се нивно секојдневие, поразите и понижувањата се нивниот симбол, а падот на рејтингот им е континуитет.

СДСМ се плашат од новата стратегија на ВМРО-ДПМНЕ и треба да се плашат.

Новата стратегија „Македонија за сите луѓе“ отвора врати кон сите кои се против  мафијата на власт која го осиромашува народот.

Новата стратегија „Македонија за сите луѓе“ отвора врати за сите кои имаат капацитет, знаење и волја да ја градат Македонија и да ги заштитат националните и државните интереси.

Новата стратегија „Македонија за сите луѓе“ отвора врати за сите кои се борат за правда, слобода и демократија.

Новата стратегија „Македонија за сите луѓе“  отвора врати за сите кои сакаат да стават крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред.

Македонија за сите луѓе!

Последни новости