fbpx

Соопштенија

Милошоски: Дали Заев лажеше во 2017 кога велеше дека нема отворени прашања помеѓу Македонија и Бугарија, или сега кога ќе го менува договорот и сака да склучува нов

„Прво, околу појавувањето на министерот јас стојам на тој став дека обврска на секој министер е што почесто да се појавува во Собранието. И тоа да не биде изнудено со протести или притисок од јавноста туку тоа да биде една желба или ниво на политичка култура за да се дискутира со оние кои што треба да ја контролираат извршната власт, а тоа се пратениците. И се надевам дека тоа присуство ќе се случи. Но по однос на неговото излагање не би можел да прејудицирам, но би бил изненаден доколку министерот Османи обзнани некаков нацрт предлог од она што го разговараат Заев и Бучковски во моментов со нивните колеги во Софија. Ние имаме одредени сознанија дека таков нацрт документ постои, дали тој ќе го наречеме патоказ, или акционен план или анекс со договорот со Бугарија дека се разговара од страна на Бучковски и Заев, но не верувам дека Бујар Османи ќе го претстави тој документ и ќе дозволи некоја дискусија, дека ќе го открие тој документ пред пратениците“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во вестите на Алфа телевизија.

Милошоски додаде дека очекува од Османи дека ќе се задржи на некој дипломатски речник, фрази и дека се вложуваат дипломатски напори. Сигурно Османи пред пратениците ќе каже дека датумот за преговори со ЕУ не е добиен затоа што постои вина кај некоја трета и четврта страна.

„Од наша гледна точка денешна во 2021 година главното прашање би било каде се загуби датумот кој што Зоран Заев, Бујар Османи и Никола Димитров го промовираа во 2018-та година. Дали тоа беше манипулација на јавноста за една употреба или беше реален датум кој што сме го добиле па некој ни го одземал“, запраша Милошоски.

Милошоски посочи дека условите на ВМРО-ДПМНЕ за да ги прекине протестите се јасни, а тоа е да не се навлегува во принципите кои што ја одбележуваат секоја суверена држава. Секоја суверена држава има право да си ја определува својата историја, своето образование, своите херои, етногенезата на народот, потеклото на јазикот, македонскиот идентитет севкупно. ВМРО-ДПМНЕ цени дека е спротивно на европските вредности, ако човек се откаже од овие принципи само заради некаков дипломатски или политички краткорочен профит. За тоа ценејќи ги поведенијата на Заев и Бучковски во изминативе неколку години, ВМРО-ДПМНЕ има оправдан сомнеж дека кај нив постои тенденција да направат отстапки кои што можат да бидат штетни на националните интереси на Македонија.

„Ние очекуваме одговор на едно прашање од Заев и неговите колеги, поранешниот колега Бојко Борисов и сегашниот претседател на Бугарија, Рубен Радев. А , одговорот треба да биде кој кога лажеше. Дали во 2017-тата година кога Заев кажа дека со потпишувањето на договорот со Бугарија веќе нема отворени прашања и нема спорови помеѓу Македонија и Бугарија? Или се говори вистината сега кога гледаме дека тенденцијата е да се склучува договор на веќе склучениот договор? И зошто беше манипулирана јавноста изминативе четири години? Гледаме дека Македонија и Бугарија имаат отворени прашања, но тензиите помеѓу македонскиот и бугарскиот народ од 2017-тата година до денес се многу поголеми отколку сите вкупни тензии во изминативе 30-тина години“, заклучи Милошоски.

Со почит, 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Последни новости