fbpx

Соопштенија

Милошоски: Владата треба да одговори на јавноста каде се загуби датумот за преговори со ЕУ за кој што имаше легендарна фотографија на Заев, Димитров и Бујар Османи уште во 2018

„Се надевам дека Османи ќе биде присутен, за тоа што тоа не е лична желба на еден министер, туку е законска обврска. Во нормалните демократии не мора со протести и притисок од јавноста да издејствувате министер да се појави во парламентот, туку доволно е самиот министер или Владата да имаат чувство на одговорност дека пратениците се избрани од граѓаните токму за да ја контролираат и да ја прашуваат власта како работи. А, за вакви крупни прашања како што се евроинтеграциите, блокадите од страна на Бугарија, и злоупотребата на договорот за пријателство сметам дека Владата требаше уште многу порано да отвори дискусија во Собранието за да македонското Собрание да изгради една заедничка позиција. Она што го има Бугарија, заедничка позиција за националните и европските прашања, а за жал го нема Македонија, заради неспособноста на власта да изгради консензус“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.

Милошоски додаде дека токму тоа што Македонија нема заедничка позиција за национални и европски прашања е најголемиот хендикеп.

„Владата имаше свој заклучок усвоен во јануари оваа година дека е спремна пред пратениците да го претстави предлог акцискиот план кој што го преговараат со Бугарија. Доколку министерот Османи ги почитува заклучоците на Владата каде што е член, би требало пред пратениците да го изложи тој предлог акциски план, патоказ, анекс, што и да е, да се знае за што преговараат Заев и Бучковски со официјална Софија. Доколку не го направи тоа неговото излагање ќе се сведе на одредени би рекол дипломатски флоскули, колку тие многу работат и се залагаат, но ете некои лоши момци од ЕУ не им дозволуваат да го добијат тоа што е заслужено. И ако сметам дека главните одговори кои што Владата ги должи и министерот за надворешни работи е каде се загуби датумот за преговори со ЕУ за кој што се организираа музички прослави и за кој што имавме една легендарна фотографија на Заев, Димитров и Бујар Османи уште во 2018-тата година“, рече Милошоски.

 

Последни новости