fbpx

Соопштенија

Кацарска е симболот на партизираното трас - трас судство на Заев, а веќе почнува и во реториката да наликува на него

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Добрила Кацарска

Кацарска е симболот на заробеното и партизирано трас - трас судство на Зоран Заев. Впрочем и во реториката и повикувањето на семејството кога е критикувана, наликува на Зоран Заев.

Кацарска беше избрана за уставен судија, а потоа и за претседател на Уставниот суд затоа што ги осудуваше сите оние кои беа противници на Заев, а и од новата позиција се очекува да продолжи да биде заштитник на оваа власт.

Таа неправедно осуди лица за тероризам само за да му удоволи на Заев и да му овозможи политички да манипулира. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги поддржува овие лица да дојдат до правда затоа што така ќе го разголат целото Кацарска судство кое Зоран Заев го инсталира во правниот систем како целосна спротивност на правото и правдата.

 

Последни новости