fbpx

Соопштенија

Шилегов потроши половина милијарда евра за 4 години, а не направи ниту еден капитален проект

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Петре Шилегов 

Шилегов потроши 4 години мандат и ништо не направи од тоа што го ветуваше. Сега пред крајот на мандатот потпишува меморандуми, дава рециклирани ветувања и повторно говори дека нешто ќе направи.

Вистината е дека Шилегов ќе остане запомнат како најнеспособниот, најарогантниот и најнедомаќинскиот градоначалник кој го имало Скопје, кој ветувал брда и долини, а зад себе има огромна НУЛА.

За волја на вистината набави едно противпожарно возило со скала кое чини двојно поскапо од идентично возило набавено од градот Загреб, поставува клупи кои чинат неверојатни 500 евра по парче и успеал да го зголеми долгот на Градот Скопје за 8,5 пати.

Тој е единствениот градоначалник кој нема започнато капитален проект во својот мандат, а патем потрошил 4 годишни буџети кои заедно чинат скоро половина милијарда евра.

Последни новости