fbpx

Соопштенија

Костадинов и СДСМ може да го проголтаат секое предавство на Заев, затоа молчат и не одговараат што се преговара со Бугарија

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

Костадин Костадинов и СДСМ продолжуваат слепо да го следат Зоран Заев во распродавањето на националните интереси. Очигледно се подготвени да ги проголтаат продавањето на македонскиот идентитет, историја и јазик кој што уште пред половина година го најави Зоран Заев во своето интервју за бугарски медиум.

Тоа што за нив е обично пазарење, за народот и за Македонија е светост.

Зошто СДСМ исто како и двоецот Заев Бучковски молчат и на одговараат дали во преговорите со Бугарија е ставена бугарската декларација како основа на новиот анекс, патоказ или како и да го нaрекуваат новиот договор со официјална Софија.

Зошто бегаат од одговорот дали историскиот континуитет на македонскиот јазик и народ се дел од преговорите со Бугарија?

Дали подготвуваат ретуширање на историјата, газење на антифашистичката борба на македонскиот народ и асномските идеали на кои е градена Македонија?

Зоран Заев покажа дека со раката на гради и колнење во децата и жицата може да распродаде се, но очигледно дека Костадинов и СДСМ се подготвени сето тоа и да го проголтаат.

Народот и ВМРО-ДПМНЕ еднаш тоа го спречија, ќе го спречат ваквото анационално однесување и сега. На сите им е јасно дека Заев е подготвен на секакви концесии и отстапки за да зачува власт, бидејќи се чувствува заштитен од одговорност за својот криминал. Но тоа нема долго да трае, бидејќи и политичка и кривична одговорност ќе има.

Овие 4 години власт на Заев се 4 изгубени години за Македонија.

Доста е!

 

Последни новости