fbpx

Соопштенија

Граѓаните од свој џеб ќе ги плаќаат катастрофалните економски политики на власта, Заев призна дека дизелот ќе поскапи, нова такса за повисоки цени и поскап живот

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше, власта велеше дека било лага она коешто Заев денеска го призна и обелодени дека ќе се воведе нова еколошка такса за литар дизел гориво.
За шест месеци дизелот поскапе за 7.5 денари, а сега повторно се удира врз и онака сиромашните граѓани, дополнително зголемување од 3,5  денари.
Се’ она што Заев ќе го вети пред граѓаните е една голема лага, повеќе од јасно е дека тонеме во долгови, па сега власта очекува граѓаните да ги платат лошите економски политики на оваа неуспешна Влада.
Заев си лупа нови даноци и давачки без да се консултира со никого, истото ќе имлицира зголемување на цените на производите и уште потежок живот на народот во Македонија.
Тој сега најавува дека ќе сторел се’ за да немало поскапување на електричанта енергија, а истото е извесно и ќе предизвикува невидено оптоварување за економијата која е на стаклени нозе, а инфлацијата се зголемува.
Се прави масакар на зеленилото насекаде, а Заев ќе спроведувал еколошки навики и зелени агенди без никаков концепт за развојна економија, дополнителните давачки ќе имаат последици.
Предупредуваме повторно дека со овој „еколошки данок“ ќе се предизвика директен ценовен шок и нов бран на поскапувања на сите производи, за и онака презадолжените граѓани кои тонат во долгови да им стане живеачката уште поскапа.
Заев ја уропасти економијата и не донесе подобар живот, туку неизвесна и скапа живеачка и посиромашни граѓани.
4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!

 

Последни новости