fbpx

Соопштенија

Кукавичлукот на Заев не се сокрива со лажни соопштенија

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ 

Лаги и манипулации веќе не поминуваат кај граѓаните. Залудни се обидите од Бихаќка да го оцрнат ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да се служат од Бихаќка со оцрнување, нека излезе Зоран Заев и нека одговори на граѓаните што тајно преговара со официјална Софија.

Граѓаните многу добро знаат што говореше Зоран Заев и по што ќе остане запаметен. Личните изјави на Зоран Заев и навредите упатени кон македонскиот народ не се забораваат.

-„Ќе соберам на купче и шуто и рогато, после ќе им е** мамата и на шарените и на цела коалиција“.

-„Живи луѓе има да јадеме после доаѓањето на власт“.

-„Еб*му името, еб*му“.

-„Еб*м ти таков народ“.

-„Евро кај Вицето, директ, се знае, кеш во менувачница“.

-„Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, нема да дозволам промена на Уставот со цел промена на уставното име“.

Кукавичлукот на Заев не се сокрива со лажни соопштенија.

Време е Заев да излезе и да обелодени што договорил тајно со официјална Софија.

4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!

 

Последни новости