fbpx

Соопштенија

Се додека Заев не одговори за што преговара со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски алатки за спречување на ново национално предавство од оваа ненародна власт

Распродавањето, раскчмувањето и националните порази на Македонија имаат име и презиме, а тоа е Зоран Заев.

Граѓаните на Македонија се уште не добија одговор за што преговара Заев со Бугарија.

Зоран Заев и Владо Бучковски треба веднаш да и одговорат на македонската јавност што тајно преговараат со Бугарија. Дали повторно под маса се преговори за нови национални предавства од страна на двоецот Заев- Бучковски.

Додека Зоран Заев повторно се колне дека не се преговара за јазикот, историјата, идентитетот и културата на македонскиот народ, од страна на нашиот сосед секојдневно слушаме дека нивните црвени линии се јасно познати и составени во Бугарската декларација, која е потврдена во парламентот на Бугарија. Ова јавно го потврди и бугарскиот премиер.

Зоран Заев, Бујар Османи и Владо Бучковски треба веднаш пред пратениците во Собранието на Македонија да го презентираат Нацрт документот за кој преговараат со официјална Софија.

Се додека Заев не одговори за што преговара со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски алатки за спречување на ново национално предавство од оваа ненародна власт.

Ова е исклучително значаен момент за иднината на нашата држава и македонскиот народ, бидејќи доколку се прифати оваа Декларација да биде дел од преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија ќе се изврши целосна асимилација врз македонскиот народ.

Со Зоран Заев и СДСМ, Македонија и македонскиот народ доживуваат само порази и понижувања, 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!

 

Последни новости