fbpx

Соопштенија

Манипулациите на СДСМ нема да го одвлечат вниманието од тајните преговори со Бугарија

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Стефан Васев

Во име на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски може да зборува единствено претседателот Христијан Мицкоски.

Тоа за што Стефан Васев од СДСМ имаше прес конференција се чисти трачеви и глупости. Воедно, ќе потсетиме дека Васев доаѓа од партијата чијшто лидер е запаметен по личните изјави меѓу кои се и следните:

-„Ќе соберам на купче и шуто и рогато, после ќе им е** мамата и на шарените и на цела коалиција“

-„Живи луѓе има да јадеме после доаѓањето на власт“

-„Еб*му името, еб*му“

-„Еб*м ти таков народ“

-„Евро кај Вицето, директ, се знае, кеш во менувачница“

-„Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, нема да дозволам промена на Уставот со цел промена на уставното име“

Познатите конструкции на СДСМ не „палат“ повеќе ниту во штабот на Бихаќка, камо ли меѓу граѓаните на Република Македонија на кои им е јасно кој и за што се залага и бори. Ниту една манипулација нема да го одвлече вниманието од тајните преговори на Заев со бугарските власти, тргувањето со идентитетот и распродажбата на историјата.

И за ваквите антидржавни политики и тајни преговори и тргувања со идентитетот, СДСМ ќе го чуе директно гласот на народот на следните избори.

 

 

Последни новости