fbpx

Соопштенија

Аудио снимката од приведувањето на Стефан е доказ дека се работи за нарачка на Спасовски и Заев

 Аудио снимката од приведувањето на Стефан е доказ дека се работи за нарачка на Спасовски и Заев.

Од фрапантната аудио снимка направена при апсењето на Стефан Калошев се слуша како полицискиот службеник го малтретира, тепа и пцуе.

Ваквиот однос на МВР на Спасовски со протестантите е доказ дека се работи за наредба и нарачка на Заев у Спасовски.

Кога полициските службеници беа прашани има ли основ за уапсењето, одговорот беше сигурно има, ова можеа да го слушнат сите од снимките кои беа емитувани во медиумите. Ова е доказ дека Заев и Спасовски ги ставиле во неблагодарна положба и полициските службеници кои морале да ги извршуваат нивните нарачки.

Тоа што МВР молчи е обид за стишување на скандалот.

Поднесена е претставка до Одделот за внатрешна контрола во МВР и очекуваме санкција и извинување.

ВМРО-ДПМНЕ не се плаши, а ниту народот се плаши.

4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!

 

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости