fbpx

Соопштенија

Димитриеска Кочоска: Јавниот долг може да порасне над 70% од БДП, затоа што нема да постигнеме раст на економијата од 5%

„Јавниот долг на Македонија може да се зголеми и истиот да надмине над 70 отсто од бруто домашниот производ (БДП), затоа што економијата најверојатно нема да порасне за 5% врз основа на кој Владата го проектираше долгот 65,9%. Тоа може да се претпостави во однос на последниот извештај на Државниот завод за статистика во чиј извештај, македонската економија за првото тромесечје од 2021 година е во минус од скоро два проценти“, смета Гордана Димитриеска Кочоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа во емисијата „Економски магазин“ истакна дека за имаме раст на економијата приватниот сектор треба да му верува на Владата, да има предвидлива даночна политика за да може да инвестира, а на оваа Влада предводена од премиерот Зоран Заев приватниот сектор не му верува.

„Во проектираниот јавен долг гледаме 65,9% највисок јавен долг во однос на бруто домашен производ, меѓутоа тоа е во однос на проектиран БДП кој што они го превидуваат 5%. Ако земеме во предвид дека тој раст нема да биде толкав, ние дефинитивно ќе отидеме над 70% јавен долг во однос на БДП. И сега се враќа на тоа, ако вие немате капитални инвестиции, ако економијата не ви верува, само да ги видиме инвестициите на приватниот сектор и да ги споредиме со годините 2007/2008/2009, да се види тогаш инвестиции во основни средства колку имало. Тогаш луѓето  верувале на Владата, имало предвидливо даночно опкружување и како резултат на тоа инвестирале, па така се зголемува и БДП, и даночните приходи и вкупните приходи во буџетот“, истакна Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека ако власта продолжи со актуелната состојба, во услови на корона криза, да троши комплетно непродуктивно, како на пример да немаме амбулантни возила, а градоначалници да трошат огромни суми на пари по ручеци и да купуваат луксузни службени возила, државата ќе се доведе во ситуација да не може да ги сервисира обврските.

Димитриеска Кочоска појаснува дека ќе нема од каде да ги зголемиме приходите во буџетот за да може да ги исплатиме долговите, затоа што младите се селат, продуктивноста опаѓа, а Владата не ги реализира предвидените капитални инвестиции.

„Се повеќе млади се иселуваат, продуктивноста паѓа, нема од каде да имаме зголемување на приходи во буџетот. Убаво е сето тоа што го зборат и кое што го имаат на хартија, но кога ќе дојде за реализација немаме ништо. Ако сега имаме стапка на реализација на капиталните инвестиции од 22% нема што понатаму да зборуваме. Тоа е слика за оваа Влада и колку таа работи, 22% на почеток на јуни реализација на капитални инвестиции. Нема што повеќе да се збори, ние со нив немаме никаква иднина. Иднината е во инвестициите, во приватниот сектор, во домаќинското трошење, во размислување на реформи за пензискиот фонд, затоа што ни тежи“, рече Димитриеска Кочоска.

Таа појасни дека власта првично треба да ги испитаат државните трошоци, затоа што во континуитет, по разни основи и трансфери растат, укажувајќи на примери кога таа беше во министерството за финансии каде што по разни основи, на голем број на луѓе им се исплаќаа плус пари.

„Они требаше да земат првично трошоците, затоа што во континуитет во разни трансфери тие растат. Погледнете како било во минатото, како е денес. Под итно да ги исчешлаат, стапка по стапка, човек по човек. Кога бев вработена во министерството имаше разни вработени кои по разни основи добиваа плус пари. Не зборувам за вработените со договор на дело и за тие што таму им беше единственото вработување, таму имаше луѓе вработени по разни институции кои добиваа плус пари. Тоа се партиски војници кои се на платен список, и таквите ја поткопуваат целата држава и прават товар на идните генерации, никој не знае како ќе се враќаат овие кредити. А, на 48% задолженост викаа дека државата е готова во банкрот“, истакна Димитриеска Кочоска.

 

Последни новости