fbpx

Соопштенија

Милошоски: Министерот Османи е должен пред Собранието да даде отчет за тајните преговори на Заев и Бучковски кои ги водат со официјална Софија

Во однос на македонско - бугарскиот спор имаме две забелешки.
Првата забелешка е дека двоецот Заев – Бучковски во моментов води тајни и нетранспарентни преговори. Тие преговори не се за иднината, тие преговори се за минатото кое што е обременето и во самата Декларација на бугарското Собрание.
Второ, господинот Бујар Османи може да го повика Заев во Министерството за надворешни работи бидејќи СДСМ му седи во скут на ДУИ во овој момент.
Според закон, министерот Бујар Османи е обврзан да дојде пред Собранието и Комисијата за надворешна политика и тука да даде отчет за што се преговара. Ако се сеќавате пред неколку месеци Владата усвои заклучок кога се крена поголем врева околу бугарските оспорувања, дека ќе го извести Собранието за наводните можни нацрт анекси, но до ден денес гледаме дека тие го избегнуваат тоа.
Ја користам оваа прес конференција како апел и барање, согласно Законот за надворешни работи и Законот за избор на Влада, министерот Бујар Османи да дојде, бидејќи има законска обврска пред Собранието да даде отчет за тајните преговори кои што Заев и Бучковски деновиве ги водат со официјална Софија.

 

 

 

Последни новости