fbpx

Соопштенија

Спасовски дава пасоши на мафијаши, а пасоши регистарски таблички и лични карти нема за народот, во прашање ли е бизнис интерес?

Заев и Спасовски ја уништија државата, народот не може пасоши и лични карти да направи, а нема ни регистарски таблички.

Спасовски дава пасоши на мафијаши, а пасоши  регистарски таблички и лични карти нема за народот, во прашање ли е бизнис интерес?

Веќе подолг период наназад се создава голема гужва пред одделенијата за пасоши и лични карти на МВР, луѓе не можат да дојдат на ред да се сликаат за да изменат некој документ кој е со помината важност. Трпи правниот промет помеѓу граѓаните, трпат економските активности на голем број на луѓе, само затоа што Заев и Спасовски се неспособни.

МВР нема ни доволен број регистарски таблички, веќе неколку недели граѓаните не можат да дојдат до нови таблици.

Што прави Спасовски и зошто се чека и по месец дена за управните служби на МВР да почнат да функционираат нормално.

Само во Македонија со Спасовски и Заев има пасоши за мафијаши и наркобосови, а нема за народот.

Пасоши имаше за Седат Пекер, Босовите на Шкаљарскиот и Кавачкиот клан, шефот на Италијанската мафија, борци на ИСИС и стотина белосветски криминалци.

Заев и Спасовски ги опремија сите криминалци со македонски патни исправи. Од Македонија имаат направено прибежиште за мафијаши.

4 години Заев и Спасовски, 4 години украден живот. Доста е!

 

Со Почит,

Центар за комуникции на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости