fbpx

Соопштенија

Калошев: Полицајците не ми кажуваа зошто ме приведуваат, само ме удрираа, бев на лекар констатирани се повреди

 

Стефан Калошев, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше приведен и удиран од страна на полицијата на протестот пред Мавровка, а како што вели дека се се случило откако почнал да снима, иако тој воопшто не ја снимал полицијата, сепак бил однесен до станица и малтретиран.

- Како Македонец и слободен граѓанин на Република Македонија дојдовме на протест против оваа ненародна власт, се фотографиравме, во еден момент решив да снимам и во тој момент еден од полицајците ми рече дека не смеам да снимам. Јас му кажав дека сум слободен граѓанин и дека можам да снимам.  Тргна на кај мене, ме фати за раката, се пуштија неколку полицајци околу мене, не знаев што се случува, бев испаничен. Еден од полицајците ме удри во слабина, ми ставија лисици и ме однесоа на кај колата да ме приведат, да ме носат во полициска станица. Иако прашував тие не ми одговорија, вели Калошев.

Тој потенцира дека и пред да влезе во полицискиот автомобил, бил удрен во главата и повторно прашувал зошто го носат, но наместо одговор полицајците му викале и го удирале.

- Кога стигнавме пред станица, повторно прашав зошто се случува ова, зошто ме удираат дека не сум направил ништо лошо, еден од полицајците ми викна да ќутам и ме удри по лицето Малку изгубив свест, не знаев каде се наоѓам, не можев ни да зборувам ми се вртеше. Потоа ми рекоа дека ова е за кривична пријава, но еве прекршочна нека биде, потпишав записник, ме вратија на истото место, рече Калошев.

Калошев изјави дека бил на лекар, снимени му се раката, главата и вратот и  констатирани се повреди. 

 

%D0%92%D0%9C%D0%A0%D0%9E-%D0%94%D0%9F%D0%9C%D0%9D%D0%95

Последни новости