fbpx

Соопштенија

Бас рапид транзит, е за големи градови од неколку милиони, во Скопје нема ништо да смени, Шилегов само ќе го прекопа зеленилото

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Петре Шилегов 

Бас рапид транзит, е за големи градови од неколку милиони, во Скопје нема ништо да смени, Шилегов само ќе го прекопа средишното зеленило на булевар Партизански одреди.

Трасата по која е планиран да се движи бас рапид транзитот е по средишното зеленило на булеварот Партизански одреди, под кое поминува и главната водоводна цевка за Скопје, која треба да биде лесно достапна за време на потенцијален дефект, но и која не смее да трпи поголеми осцилации, што ќе се случи доколку над неа поминуваат автобусите.

Концептот на Шилегов не е ништо друго, туку обичен автобус, кој ќе минува по лента само за него. И тоа ќе биде по цена на животната средина, и безбедноста во сообраќајот.

Наместо да се зафаќа со нереални работи, Шилегов да го реши сообраќајниот хаос со раскрсници на две нивоа на клучни локации.

Големите ветувања на Шилегов се само пред избори, па така никаде ги нема тунелот под Кале, продолжувањето на булевар Илинден со мост кон Ѓорче Петров и други проекти, кои се ветени, а Шилегов не ги ни почнал.

4 години со Шилегов и Заев, 4 години украден живот. Доста е!

Последни новости