fbpx

Соопштенија

Пратениците на СДСМ гласаа против измените на законот за тутун кои се од полза на тутунарите

Почитувани,

Парламентарното мнозинство повторно го покажа лицемерието према тутунопроизводителите.

Денес, пратениците на СДСМ и ДУИ гласаа против Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој предлог закон предвидуваше многу решенија за проблемите со кои се соочуваат тутунопроизводителите.

Законот го продолжува ројкот за организираниот редовен откуп на тутун од 28 февруари  да биде на 31 март со цел да не остане неоткупени количини на тутун во иднина.

Исто така го регулира увозот на нефетментиран тутун се со цел да се заштити домашното производство.

СДСМ со гласањето против покажаа дека се против заштита при склучувањето на договори за тутун и покрај поднесените приговори. Нивното гласање против, во иднина ќе резултира со намалување на договорите за откуп на тутун но исто така ќе допринесе и за намалување на количината на произведен тутун и откупен тутун што не е во интерес на тутунопроизводителите на кои што ова им е основа егзистенција.

СДСМ уште еднаш покажа дека воопшто не се грижат за тутунопроизводителите и за развој на тутунопроизводството и повторно си поигруваат со судбините на овие граѓани на кои што веќе им е повеќе од јасно дека секогаш кога СДСМ е на власт тие се доведени на работ на егзистенцијата.

Последни новости