fbpx

Соопштенија

Вистината излезе на виделина, Заев е вмешан во „Рекет“ и го пцуе својот народ

 Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Зоран Заев е прочитан од граѓаните. Се потврди дека Зоран Заев е вмешан во случајот „Рекет“.

Се слушна и како Заев го пцуе и навредува својот народ. Се дозна и дека Заев го контролирал студентското движење, слушнавме што мисли за шарените, но добро е и да знаат Албанците што мисли тој за Али Ахмети.

Вистината не може да се сокрие, Зоран Заев е тој што го менаџирал и прикривал криминалот. Боки 13 кажа дека Заев го предупредил 20 дена пред наводното пријавување.

Зоран Заев е човек на кој менаџирањето на криминал добро му оди. Тој е градоначалникот кој наплаќаше 2 евра од метар квадратен во вид на мито за легализација на градежно земјиште, нешто кое требал да го прави согласно закон.

Заев е човекот кој 3 години менаџира судски пресуди во државата по принципот „трас – трас“.

Доаѓа време на вистината, доаѓа време кога сите криминалци како Зоран Заев ќе одговараат пред словото на правдата.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости