fbpx

Соопштенија

Од ветени 850 милиони евра, кај народот и фирмите не завршија повеќе од 350 милиони евра, каде се парите од задолжувањата?

 

Од ветени 850 милиони евра, кај народот и фирмите не завршија повеќе од 350 милиони евра, каде се парите од задолжувањата?

Битиќи и СДСМ потфрлија во кризата. Економијата едвај опстојува. 60.000 луѓе ги загубија своите работни места, 6.200 фирми ставија клуч на врата, над половина милион луѓе живеат со 2 евра на ден.

Помошта не стигна кај народот и фирмите. Ветија 850 милиони евра помош, а реализираа не повеќе од 350 милиони евра. Се заврши како поткуп пред избори и без позначаен ефект при заживување на економијата.

И додека се расфрлаат со пари Битиќи, Бесими и Заев долгот скокна на над 7 милијарди евра и е на историско највисоко ниво. Проекциите се лоши и ако ги следиме бројките ќе заклучиме дека долгот ќе продолжи да се зголемува, а каматите ќе стануваат се поголеми.

Неодговорниот однос на СДСМ не носи кон амбис. Владата мора да почне да крати на непродуктивни трошоци и да запре да ја задолжува Македонија.

За 4 години ја фрлија државата во должничка криза. 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е!

 

Последни новости