fbpx

Соопштенија

СДСМ се 4 година апсолутна власт, нека не бараат оправдувања, сите криминалци ги заштитија

 

Љупчо Николовски и СДСМ се 4 година апсолутна власт, нека не бараат оправдувања, сите криминалци ги заштитија.

Нема политичар од власта кој одговараше за сторениот криминал.

Рашковски е фатен како генерален секретар со државни пари си го купил софтверот кој сам го патентирал. Грабеж.

И кога Рашковски заврши во притвор мораше да биде пуштен, откако се раширија гласини дека ќе пропее за Зоран и Вице Заеви.

Николовски зборува за квази 18 % зголемена транспарентност, а не кажува за 1000 пати зголемениот криминал.

Денеска Николовски требаше да си поднесе оставка.

Додека Николовски министерува фирмата на неговиот брат има вртоглав раст на приходите.

Николовски по стапките на Заеви, само бизнис и патувања. Сите очекуваа да гони криминал, а тој бркаше путер. Па откако се измори од путерот, во сред пандемија отиде во Дубаи.

Николовски не прозборе ниту збор за Ден Дончев кој го видовме со туце пари, ниту за Зоран и Вице Заев кои беа посочени како лица кај кои завршиле парите од Рекет.

4 години апсолутна власт. 4 години криминал и рекет. 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е!

Последни новости