fbpx

Соопштенија

Нека му каже некој на Заев денеска е 06.06.2021 година, а не 2016, ветувањата кои денеска ги дава требаше да бидат веќе исполнети

 

 

Зоран Заев треба да се врати во реалноста. Денеска сме 06.06.2021 година, а не 2016 година. Лагите кои ги кажуваше во 2016 година, нема и не може да му поминат сега, 5 години подоцна.

Заев ветуваше 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1200 километри локални патишта. Поминаа 4 години, ништо од тоа не реализира. Напротив, не може ниту да ги доврши проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Сега откако според најавите од 2016 година требаше да имаме 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1200 километри локални патишта, но наместо тоа повторно имаме исти ветувања.

Од опозиција Заев ветуваше сигурен откуп и високи откупни цени за земјоделските производи, 4 години ги соголи земјоделците и ги донесе до питачки стап. Нема земјоделска култура која не се продаде под реални пазарни цени. Земјоделците 4 години го продаваат родот за џабе.

Не држат тезите дека заради пандемијата откупот бил послаб. Во ек на пандемија, во цел свет цените на храната поскапеа, а се бараше килограм повеќе. Неспособноста на Заев да обезбеди пазар за македонските земјоделци е само негова вина.

Кога Заев најавува 10 инвестиции, народот гледа нула, празно дно.

Заев имаше 4 години да донесе инвестиции. Во првиот квартал оваа година влегле само 25.7 милиони евра странски инвестиции. Ова е дно, и покажува колку владата не работи ништо.

Со почит,

Последни новости