fbpx

Соопштенија

Рашковски е ослободен откако во јавноста се слушнаа информации дека е спремен да “пропее“ за криминалите на Зоран и Вице Заеви

 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговорајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката за ослободувањето на Драги Рашковски од затворски и носењето во куќен притвор, посочи дека ваквата одлука е потврда дека институциите се заробени и дека врз нив се врши притисок од страна на Зоран Заев.

-Тоа е потврда за заробеноста на институциите и тоа е потврда на притисокот врз институциите. Имено, откако во јавноста се слушнаа информации дека Драги Рашковски е спремен да „пропее„ за криминалите на Зоран и Вице Заеви, а имајќи предвид дека ги знае сите нив затоа што им е човек од доверба и еден од најблиските соработници, се случија две работи: прво, Зоран Заев изврши јавен притисок врз обвинителството во интервју за неделникот Фокус, во кое што јасно кажа дека не се согласува со одлуката на обвинителството и мисли дека Драги Рашковски е невин, што е скандал сам по себе затоа што премиерот како носител на извршната власт не смее да се меша во законодавната и судската власт, во случајов се меша во судската власт, и втора работа која што се случи како резултат на тој притисок, вчера Драги Рашковски беше ослободен што само говори дека Зоран Заев целосно го има заробено судството и обвинителството и дека во Македонија нема независно судство и обвинителство, туку има притиснато судство и обвинителство кои што еден ден ќе сведочат за притисоците кои што им ги правел Зоран Заев, а тој ќе одговара, нагласи Николоски.

Последни новости